Нестандарден збор - категорија

дворана повеќе

мн. дворани
Вид збор: Именка, женски род
Голема раскошна сала, аудиториум.
Англиски: hall Српски: дворана
Примери:
Мозаичниот под во големата апсидална дворана на куќата на псалмите во Стоби се состои од 4 главни полиња.

девастира повеќе

девастираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
сотре, уништи, разруши
Англиски: devastate

дереглија повеќе

мн. дереглии
Вид збор: Именка, женски род
Пловен (речен) објект, обично без свој погон, влечен од реморкер што се користи за транспорт на јаглен, песок, итн.
Англиски: barge

дибла повеќе

мн. дибли
Вид збор: Именка, женски род
Подлога за клин, дрвен или пластичен чеп.
Англиски: dowel Германски: Dübel Бугарски: дибла

диверзитет повеќе

(едн.) диверзитетот
Вид збор: Именка, машки род
разноликост, мноштво
Англиски: diversity
Примери:
биолошки диверзитет

додавка повеќе

мн. додавки
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што е дополнително додадено кон главното.
Англиски: addendum
Примери:
Името на државата, кое со разни идеолошки додавки - Федерална, Народна, Социјалистичка, Независна е одамна присутно на светската политичка карта.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш